Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Фудбалскиот клуб Брегалница најостро го осудија инцидентот што се случи денеска на натпревар од младинската Суперлига во Штип, меѓу екипите на Брегалница и Шкупи, кога дел од родителите на гостинските фудбалери влегоа на теренот и физички нападнаа неколку млади играчи на домашниот тим.
-Длабоко сме вознемирени од фактот што едно од децата претрпе сериозни повреди и скршеници како последица на нападот. Тоа е нешто што никогаш не смее да се дозволи да се повтори. ФФМ ќе преземе сите неопходни чекори – поведена ќе биде дисциплинска постапка против ФК Шкупи и одговорните лица а сторителите на овој брутален чин ќе се соочат со соодветни санкции. Нашата порака е јасна – со насилство, на било кое ниво, нема компромис“, стои во реакцијата на ФФМ.
ФК Брегалница, исто така најостро го осуди инцидентот и ги повика сите спортски чинители да дадат јасна поддршка во борбата против насилството на терените.

