Луѓето од Наполи интензивно бараат нов голгетер откако Ромелу Лукаку заработи посериозна повреда на пријателскиот меч со Олимпијакос и ќе мора да го пропушти стартот на сезоната.
Италијанците, наводно, ќе се насочат кон играчот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд иако во опција влегува и напаѓачот на Челзи, Николас Џексон.
Деновиве имаше информација дека уште еден тим од Серија А е заинтересиран за Данецот. Станува збор за Милан кој исто така сака да го засили нападот.

