Луѓето од Интер се подготвени да се разделат со дефанзивецот, Бенџамин Павард, доколку добијат понуда од 20 милиони евра.
Според медиумите, неговиот агент, Пини Захави, го понудил 29-годишниот Французин на Барселона но, Каталонците не се во можност да го ангажираат.
Ќе потсетиме дека Павард во текот на летово одби богата понуда од Саудиска Арабија бидејќи не сака да го менува континентот.

