Спортскиот директор на фудбалскиот состав Милан, Игли Таре, потврди дека се размислува за евентуален ангажман на напаѓачот Расмус Хојлунд.
„Хојлунд е добра опција но, трансфер пазарот е секогаш непредвидлив. Влаховиќ е исто така опција, напаѓач мора да дојде“ – рече Таре.
Ќе потсетиме дека „росонерите“ во текот на летово ги обезбедија: Самуеле Ричи, Лука Модриќ, Ардон Јашари, Закари Атекаме и Первис Еступинијан

