Познатиот инсајдер, Џејк Фишер, не верува дека Расел Вестбрук, ќе потпише договор со екипата на Сакраменто.
„Треба да видиме какви други потези може да направи Сакраменто пред да може да размислува за потпишување на Вестбрук. Тоа е единствената вистинска опција за играчот. Ако воопшто е во НБА во наредната сезона“, сподели инсајдерот.
Познато е дека „Кралевите“ моментално имаат целосно исполнет состав.

