Младиот фудбалер на Манчестер Сити, Рико Луис, деновиве треба да ја продолжи соработката со „граѓаните“ до 2030 година, објавија дел од медиумите во Англија.
20-годишниот дефанзивец во претходната сезона одигра 28 натпревари во Премиер лигата на кои постигна 1 гол и направи 2 асистенции.
Луис пред две години дебитираше во дресот на „гордиот албион“ и досега има одиграно пет мечеви.

