Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев оствари уште едно фантастично достигнување откако успеа да го преплива каналот Ла Манш.
„Големи честитки до Евгениј Поп Ацев од Македонија, кој оствари одлично време од 9 часа и 43 минути. Евгениј е трикратен светски првак и беше примен во меѓународната Сала на славни во маратонски пливање“, се вели во информацијата на Асоцијацијата на Пливање преку каналот Ла Манш…
Тој е петтиот пливач од Македонија што направил таков подвиг на Ла Манш.

