Челниците на италијанскиот фудбалски шампион Наполи, ги прават последните обиди да го ангажираат напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд.
Медиумите наведуваат дека калчо-лигашот сака да го ангажира Данецот како позајмен играч со опција за откуп за околу 40 милиони евра.
Хојлунд има искуство од Серија „А“ бидејќи во минатото настапуваше за екипата на Аталанта.

