Селекторот на турската репрезентација, Ергин Атаман, верува дека неговиот тим играл совршена кошарка откако ја совлада Летонија со 93:73 на стартот на Европскиот шампионат.
„Се браневме добро, ја движевме топката и ја презедовме контролата врз играта. Почетокот на второто полувреме беше исто така клучен но, не му дозволивме на противникот да најде лесни шутеви.“ – рече Атаман.
„Мислам дека одигравме совршена кошарка. Toa е многу важна победа. И покажавме на цела Европа дека сме еден од најдобрите тимови на овој турнир“ – рече Атаман

