Промотерот Еди Хoрн не е сигурен дали боксерот во тешка категорија Ентони Џошуа воопшто ќе се бори до крајот на годинава иако се поврзуваше со борби против Тони Јока и Џејк Пол.
Tој очекува поранешниот шампион да се врати во рингот во почетокот на 2026-та во јануари или февруари.
„Не мислам дека е добра идеја декември. Тој патува веќе некое време и се врати на тренинзите по операцијата на лактот“ – рече Хорн.

