Македонската фудбалска репрезентација оствари убедлива победа против Лихтенштајн со 5-0 во квалификациите за Мундијалот а во листата на стрелците се запиша и Лука Станковски кој го имаше дебитантскиот настап.
„Нормално дека ми е мило за погодокот, тоа е сон на секој играч но, најважно од сè е што Македонија победува. Среќни сме за трите бода“ – рече Станковски кој влезе во вториот дел.
Нашата репрезентација наредниот предизвик ќе го има на теренот на главниот фаворит во групата, Белгија. Тој меч ќе биде одигран на 10 октомври.

