Луѓето од Барселона се надеваат дека Франк де Јонг ќе може да игра против Њукасл на стартот на Лигата на шампионите.
Мечот со англичаните ќе биде одигран наредниот четврток на 18 септември. Фудбалерот на Холандија се повреди за време на репрезентативната пауза и ќе мора да одмора извесен период.
Тој дефинитивно ќе го пропушти мечот со Валенсија во текот на викендот во Примера Дивизион.

