Жоао Лопес кој влегува меѓу кандидатите за прв човек на фудбалскиот состав на Бенфика, најави дека ќе го ангажира Бернардо Силва доколку победи на изборите.
Договорот на 31-годишниот играч од средниот ред со Манчестер Сити е до 30 јуни 2026 година. Бернардо потекнува од клубот од Лисабон. Претседателските избори на Бенфика ќе се одржат на 25 октомври.
„Можам да потврдам дека договорот на Бернардо е готов. Навистина сакам да го доведам во јануари“ – рече Лопес.

