Нашите најдобри фудбалери денеска ги очекува пресметката со Лихтенштајн во новата рунда од квалификациите за Светското првенство.
Избраниците на селекторот, Благоја Милевски, од 18.00 часот на Арената во Скопје ќе влезат како големи фаворити против аутсајдерот во групата кој досега има четири порази во исто толку мечеви и нема постигнато гол.
Статистиката вели дека Македонија и Лихтенштајн се сретнале 12 пати. Ние имаме 11 победи а еден меч завршил нерешено. Гол разликата е убедливо на наша страна 45-5.

