Менаџерот на фудбалерите на Евертон, Дејвид Мојс, не крие дека е разочаран по поразот на гостувањето кај шампионот, Ливерпул, со 2:1 во рамките на 5-то коло во Премиер-лигата.
Тој ја израмни лошата серијата на Сер Боби Робсон од 23 последователни гостувања на стадионот- „Енфилд“ без победа.
„Првиот гол на Ливерпул беше одличен. Ние не започнавме добро. Мислам дека во вториот дел можевме да добиеме повеќе. Не ни беше таков планот“ – потенцираше Мојс.

