Бранителот на пехарот во Лигата на фудбалските шампионите, ПСЖ, имаше убедлив старт на новата сезона.
Францускиот тим предводен од клупата од Луис Енрике, славеше на стадионот – „Паркот на принцовите“ против италијанската Аталанта со сигурни 4:0. Шпанскиот стратег вели дека е исполнета првичната цел.
„Започнавме силно благодарение на нашиот стил. Сите знаевме колку е значајно да стартуваме со победа“ – рече Енрике.

