Првата сезона на Луис Хамилтон во Ферари сигурно ќе заврши без титула и покрај високите очекувања што беа поставени по неговото преселување во Скудерија.
Британецот на трката за Големата награда на Азербејџан заврши на осмото место и сега е сосема сигурно дека тој нема да стане светски шампион во Формула 1 во 2025 година.
Математички гледано само пет возачи остануваат во трката за титулата. Тоа се – Пјастри (324 поени), Ландо Норис (299), Макс Верстапен (255), Џорџ Расел (212) и Шарл Леклер (165).

