Тренерот на кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс, Тајрон Лу, не крие дека има големи очекувања за Бредли Бил. Бекот во изминатото лето им се придружи на Клиперси како слободен агент.
„Бил е одлично дополнување во ростерот. Тој може да обезбеди поени на различни начини.“ – рече Лу.
„Исто така, сакам да го вратам Бредли на ниво на елитен дефанзивен играч“ – беа зборовите на тренерот на екипата од Калифорнија.

