Фудбалерите на Ливерпул денеска ќе гостуваат кај Галатасарај во дуел од 2 коло во Лигата на шампионите.
Нивниот менаџер, Арне Слот, очекува многу подобра игра во одбраната отколку на претходните мечеви.
„Примивме четири голови од прекини но, заклучив дека бековите не се проблем. Знам дека Галатасарај е силен во прекините“ – потенцираше тренерот на „црвените“ пред денешниот меч во Турција.

