Фудбалерот, Леандро Тросард, изјави дека никогаш не планирал да го напушти Арсенал и покрај шпекулациите дека би можел да направи трансфер. Крилниот напаѓач е во лондонскиот клуб од 2023 година кога дојде од Брајтон. Тој има 97 настапи за „топџиите“ во Премиер лигата, постигнувајќи 21 гол. „Секогаш има вакви гласини но, тоа не е опција за мене, се чувствувам многу добро во Арсенал“, изјави Тросард .
Author: dino
Шарл Леклер, ѕвездата на Ферари, би можел да ја напушти Скудерија а за тоа треба да се одлучи во следните најмногу 12 месеци. Неофицијално неговиот менаџер, Николас Тод, изјави дека одлуките за развојот на кариерата на возачот од сега па натаму треба да се донесуваат „со глава а не со срце“. Шарл прво изјави во Азербејџан дека го сака Ферари и дека верува во проектот и нема намера да си замине, но по трката остро ги критикуваше перформансите на SF-25.
Поранешниот шампион на UFC, Конор Мекгрегор, доби сериозна санкција за кршење на анти-допинг правилата. 37-годишниот Ирец е суспендиран на 18 месеци. Причината за казната е тоа што Мекгрегор не дал точни информации за неговата место положба. Во 2024 година, тој три пати не го исполнил ова барање, што ги спречило на инспекторите за допинг да земат биолошки примероци од него. Казната ќе започне ретроактивно од 20 септември 2024 година
Ѕвездата на Селтикс, Џејлен Браун, го забележа интензитетот и високото темпо во тренинг кампот. „Мислам дека ова е веројатно мојата најтешка предсезона во однос на физичката подготовка и обемот на работа.Тимот се стреми да игра со брзо темпо“ – рече Браун. „Имаме нови играчи, многу можности пред нас а тоа е инспиративно“, рече играчот на Бостон.
Крис Финч коментираше за состојбата на лидерите на Минесота.Тимот загуби од Индијана во продолжение во претсезонските активности. Бекот Ентони Едвардс имаше 17 поени (6 од 15 од поле, 1 од 5 од тројка) и две асистенции за 19 минути.Напаѓачот Џулиус Рендл имаше 14 поени (6 од 11 од поле), 4 скока, 1 асистенција и 1 украдена топка за 18 минути. „Со оглед на нивното време за играње, изгледаа добро. Џулиус имаше проблеми со завршницата. Ант имаше неколку добри обиди“, заклучи главниот тренер на Тимбервулвс.
Претседателот на РФМ, Александар Стефанов, денеска на средба со новинарите, ја најави соработката со брендот – „MAGGI“ кој е вклучен во прехранбената индустрија. „Партнерството со MAGGI е уште еден доказ дека македонскиот ракомет продолжува да расте и да обединува. Заедно со брендот кој е симбол на топлина и вкус, ја спојуваме спортската енергија со семејните вредности и секојдневието на нашите навивачи“ – Стефанов. Договорот со брендот – „MAGGI“ ќе биде валиден во наредните две години. „Најголемиот светски прехранбен бренд MAGGI е присутен во Македонија не само во кујните и на семејните трпези, туку добро знае и што тука најмногу сакаме покрај…
Екипата на Кливленд има намера да го ослободи Лонзо Бол од дел од работното оптоварување на почетокот на сезоната. Новајлијата во тимот ќе ја започне регуларната сезона со максимум 20 минути на теренот и нема да игра два дена по ред. „Засега нема да бидам целосно вклучен во два последователни натпревари. Тоа не значи дека ќе трае цела година, но дефинитивно ќе биде на почетокот“ – забележа Бол.
Фудбалерот на Кристал Палас, Марк Гај, може да замине во редовите на Баерн Минхен, најавија дел од медиумите. Сепак, се очекува германците да добијат сериозна конкуренција од Ливерпул и Барселона кои исто така се заинтересирани за Гај. Тој според одредени шпекулации може да добие понуда и од Реал Мадрид.
Кошаркарскиот состав, Вилербан, го објави потпишувањето на договорот со 30-годишниот плејмејкер, Мехди Нгуама. Минатата сезона, Нгуама играше за три тима: француските Бург и Ле Ман и шпанската Гран Канарија. 30-годишниот плејмејкер со Вилербан ќе има шанса да го направи своето деби во Евролигата.
НБА ќе се обиде да отвори европска филијала во блиска иднина. Северноамериканската лига го таргетира 2027 година како датум за создавање на европска дивизија .Се очекува да учествуваат 16 екипи: 12 на постојана основа, а уште 4 ќе се квалификуваат врз основа на резултатите од нивните настапи во локалните лиги. Комесарот на НБА, Адам Силвер, го нарече планот за 2027 година „амбициозен“, но рече дека лигата сериозно го разгледува.
