Шарл Леклер, ѕвездата на Ферари, би можел да ја напушти Скудерија а за тоа треба да се одлучи во следните најмногу 12 месеци.
Неофицијално неговиот менаџер, Николас Тод, изјави дека одлуките за развојот на кариерата на возачот од сега па натаму треба да се донесуваат „со глава а не со срце“.
Шарл прво изјави во Азербејџан дека го сака Ферари и дека верува во проектот и нема намера да си замине, но по трката остро ги критикуваше перформансите на SF-25.

