Фудбалерот, Леандро Тросард, изјави дека никогаш не планирал да го напушти Арсенал и покрај шпекулациите дека би можел да направи трансфер.
Крилниот напаѓач е во лондонскиот клуб од 2023 година кога дојде од Брајтон. Тој има 97 настапи за „топџиите“ во Премиер лигата, постигнувајќи 21 гол.
„Секогаш има вакви гласини но, тоа не е опција за мене, се чувствувам многу добро во Арсенал“, изјави Тросард .

