Претседателот на РФМ, Александар Стефанов, денеска на средба со новинарите, ја најави соработката со брендот – „MAGGI“ кој е вклучен во прехранбената индустрија.
„Партнерството со MAGGI е уште еден доказ дека македонскиот ракомет продолжува да расте и да обединува. Заедно со брендот кој е симбол на топлина и вкус, ја спојуваме спортската енергија со семејните вредности и секојдневието на нашите навивачи“ – Стефанов. Договорот со брендот – „MAGGI“ ќе биде валиден во наредните две години.

„Најголемиот светски прехранбен бренд MAGGI е присутен во Македонија не само во кујните и на семејните трпези, туку добро знае и што тука најмногу сакаме покрај добрата храна, а тоа е ракометот. Затоа решивме со сето срце да го поддржиме омилениот локален спорт и нашата сјајна репрезентација во нивните победи. Со спортот одат и духот на заедништвото и здравите навики, а токму во тоа цврсто верува MAGGI,“ изјави Рената Матушиновиќ, генерален директор за категоријата храна за Јужна и Источна Европа во компанијата Nestlé.


