НБА ќе се обиде да отвори европска филијала во блиска иднина. Северноамериканската лига го таргетира 2027 година како датум за создавање на европска дивизија
.Се очекува да учествуваат 16 екипи: 12 на постојана основа, а уште 4 ќе се квалификуваат врз основа на резултатите од нивните настапи во локалните лиги.
Комесарот на НБА, Адам Силвер, го нарече планот за 2027 година „амбициозен“, но рече дека лигата сериозно го разгледува.

