Бекот на Торонто, Емануел Квикли, очекува во новата сезона во НБА да шутира повеќе за три поени.
„Мислам дека со вниманието што ќе го добијат играчите како Ар-Џеј , Скоти и Брендон , ќе можам да шутирам по 10 тројки на натпревар. Повеќето од нив ќе бидат по додавање а не од дриблинг како во последните две години“ – рече Квикли.
26-годишниот плејмејкер во сезоната 2024/25-та имаше просек од 17,1 поен, 3,5 скока и 5,8 асистенции.

