Фудбалерот на Наполи, Кевин Де Бруин, изјави дека нема никакви проблеми со Антонио Конте. Тој на мечот со Милан беше заменет во 72-та минута и токму кога се упати кон клупата за резерви, одбегна да се поздрави со неговиот тренер.
„Никогаш не сум имал проблеми со Конте. Јас сум победник, сакам да играм фудбал и да менувам работи“ – рече Белгиецот.
Луцидниот фудбалер во дебитантската сезона за италијанците има одиграно 7 натпревари со ефект од три голови и две асистенции.

