Претседателот на фудбалскиот состав Барселона, Хуан Лапорта, зборуваше за неговиот однос со поранешниот аргентински напаѓач на клубот, Лионел Меси.
„Имавме многу добар однос долго време. Кога не му го обновивме договорот, работите малку се влошија. Се надеваме дека ќе му го дадеме одличното испраќање што го заслужува“ – рече Лапорта.
Меси ја напушти Барселона во 2021 година. Тој одигра 778 натпревари за каталонскиот клуб, постигнувајќи 672 гола и 303 асистенции.

