Кошаркарот на Сакраменто, Киган Мареј, ќе биде подложен на операција на палецот. Според објавеното, тој има скинат улнарен колатерален лигамент.
Клубот известува дека 25-годишниот кошаркар ќе биде опериран, по што неговата состојба ќе биде повторно проценета за приближно 4-6 недели.
Мареј одигра 77 натпревари за „Кингс“ во изминатата сезона, со просек од 12,4 поени, 6,7 скока и 1,4 асистенции.

