Нашите најдобри фудбалери денеска ги очекува значаен меч на патот до СП во 2026 година кое ќе биде реализирано во САД, Канада и Мексико.
Избраниците на селекторот, Благоја Милевски, вечер од 20.45 часот ќе истрчаат на теренот на главниот фаворит во групата – Белгија. Тоа ќе биде шестиот меч меѓу двете земји кои се сретнаа и во квалификациите за Европското првенство во 1996 и за Светското во 2014. Белгијците имаат три победи а два меча завршија нерешено.
Македонија е лидер на табелата со 11 бодови (5 натпревари), Белгија има 10 бодови (4 ), Велс има 10 (5), Казахстан следи со 3 (5) а Лихтенштајн е последен без бод. Мечот во Гент ќе го суди Умут Мелер од Турција. Во нашата група денеска ќе играат Казахстан – Лихтенштајн додека селекцијата на Велс е слободна.

