Голманот на Милан, Мајк Мењан, не е задоволен со одлуката мечот против Комо од серија „А“ да биде одигран во Перт во Австралија.
Претходно незадоволство изрази и играчот од средниот ред на „росонерите“, Адриен Рабио. Французинот рече дека е апсурд да се патува толку многу километри за натпревар меѓу два италијански тима.
„Се согласувам целосно со Адриен Рабио. Не разбирам зошто натпревар од италијанската лига треба да се игра во странство“ – рече голманот на Милан.

