28-годишниот италијански играч од средниот ред на Интер, Николо Барела, зборуваше за главниот тренер на тимот, Кристијан Киву.
„Тој е одличен пример за нас. Никој не можеше да ни помогне во оваа ренесанса подобро од него. Тој е тренер кој им ја врати смиреноста и самодовербата на фудбалерите“ – рече Барела.
„Нероаѕурите“ заедно со Наполи и Рома го делат второто место на табелата во Серија „А“. Пред нив е Милан со бод повеќе.

