Откако советникот на Ред Бул во Формула 1, Хелмут Марко рече дека Макс Верстапен не е мотивиран во финишот на сезоната, четирикратниот светски шампион излезе со коментар пред Гран При трката во Мексико Сити.
„Не, тоа не е вистина. Кога сум во автомобилот ќе се обидам да го извлечам максимумот од него. “ – вели Верстапен.
„Значи, дури и ако се борам за четврто или деветто место, секогаш ќе го дадам својот максимум“ – потенцираше возачот на Ред Бул.

