Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, верува дека наредните недели ќе бидат клучни за судбината на Рубен Аморим на клупата на „црвените ѓаволи“.
Португалецот успеа да врзе две победи во Премиер-лигата откако славеше на теренот на актуелниот првак Ливерпул.
„ Аморим сега ќе влезе против Брајтон под вистински притисок бидејќи потоа го чекаат Нотингем Форест и Тотенхем. Мислам дека Јунајтед има тим што може да се квалификува во првите шест“ – рече Невил.

