Менаџерот на Интер, Кристијан Киву, призна дека напаѓачот Маркус Турам нема да биде подготвен за саботниот натпревар со Наполи во Серија „А“
„Лаутаро Мартинез е добро и повеќе ги нема проблемите што ги имаше пред натпреварот со Рома. На Маркус му требаат уште неколку дена и нема да биде во Неапол “– рече Киву.
„Не знам дали ќе биде подготвен и за натпреварот со Фиорентина. Многу ми е жал за Турам, не заслужи толку долга пауза“ – нагласи тренерот на Интер.

