Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, објасни дека автомобилот на Ред Бул потфрли на патеката во Мексико Сити. Тој на крајот го освои петтото место во квалификациите.
„Прегревањето на гумите е голем проблем тука на оваа надморска височина, автомобилот почнува да се лизга а гумите се загреваат многу брзо “ – рече Верстапен.
„ Тоа не е добро за нас. Пробавме секакви промени во поставувањето и ништо не функционира.“ – рече Холанѓанецот.

