Денеска на средба со новинарите беше најавен утрешниот голем ракометен настан – Легендите на сцена, во организација на Спортско Радио 90,3 фм, како дел од јубилејот и прославата на 20 години постоење. Уникатниот спортски настан ќе обедини на едно место бројни ракометари од Европа кои се носители на светски, европски и олимписки медали како и дел од македонските ракометни икони. Неизбежен дел ќе бидат и еминентни судии, ракометни работници и луѓе што дале посебен придонес во развојот на ракометот. Дел од нив, Лино Червар, Данил Шишкарев, Стојанче Стоилов и Филип Миркуловски, заедно со директорот на Спортско радио 90,3 фм, Тони…
Author: dino
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, е именуван за член на Олимпискиот фудбалски комитет на ФИФА. Телото работи под покровителство на Советот на ФИФА и има задача да го унапредува и координира развојот на фудбалот во рамки на Олимписките игри и да соработува со Меѓународниот олимписки комитет во сите прашања поврзани со фудбалот на Олимпијадата. Со Комитетот претседава Самир Шауд (Бразил), додека Мустафа Раџи (Либерија) е заменик-претседател. Генералниот секретар пак, на Фудбалската федерација на Македонија, Леонид Јандреоски, е именуван за член на Комисијата за медиуми и комуникации на ФИФА.
Менаџерот на Порто, Франческо Фариоли, беше многу задоволен по победата над Мореиренсе на гостински терен во меч од домашното првенство. „Дојдовме на место каде што Мореиренсе ги имаше победено сите натпревари, па знаевме дека ќе биде тешко. Против тим кој се брани во низок блок, очекувавме да се соочиме со тешкотии“ – рече Фариоли. „Треба да бидеме горди на фактот дека за неколку недели создаваме повеќе страв кај нашите противници.“ – нагласи тренерот на „змејовите“.
Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го пофали настапот на тимот во првото полувреме на вчерашниот натпреварот против Бетис (2:0), но призна дека по паузата ситуацијата на теренот беше поинаква. „Одигравме многу добро. Првото полувреме беше одлично и водевме со 2:0. Можевме да постигнеме повеќе голови“, коментираше Симеоне. „Во второто полувреме Бетис го промени својот пристап и создаде ситуации пред нашиот гол, но, успеавме да се одбраниме“ – рече Симеоне.
Претседателот на Серија А, Луиџи Де Сиерво, изјави дека на Интер му било понудено да игра во Австралија. Претходно беше објавено дека натпреварот од италијанското првенство меѓу Милан и Комо би можел да се одржи во Перт. „Не одиме во Австралија поради парите. Понудата не ја прими само Милан, туку и Интер, кој, сепак, ја отфрли од организациски причини“ – вели Сиерво. „Сепак, Милан со ентузијазам ја прифати понудата“ – изјави Луиџи Де Сиерво.
Легендата на Јувентус и италијанскиот фудбал, Џанлуиџи Буфон, ја изрази својата поддршка за својот поранешен соиграч Лучијано Спалети, кој е фаворит да го замени Игор Тудор на функцијата менаџер на „бјанконерите“. „За мене, Лучијано е вистинскиот профил за секој голем клуб кој сака да остане амбициозен. Со него нема да изгубите многу натпревари“, рече Буфон кој работеше со Спалети во репрезентацијата на Италија. Медиумите во Италија наведуваат дека за местото на Хрватот може да конкурираат и Роберто Манчини и Рафаеле Паладино.
Нотингем Форест постави цена од 100 до 120 милиони фунти за фудбалерот од средниот ред Елиот Андерсон. Манчестер Јунајтед е заинтересиран за 22-годишниот англиски репрезентативец но, ќе има конкуренција во Њукасл кој внимателно ја следи ситуацијата околу фудбалерот. Андерсон одигра девет натпревари во Премиер лигата оваа сезона. Неговиот договор истекува во 2029 година.
Англискиот гигант Манчестер Јунајтед има намера да го продаде напаѓачот, Расмус Хојлунд, на Наполи во зимскиот преоден рок, објавува „Мирор“. Клубот од „Олд Трафорд“ се обидува да добие околу 43 милиони евра за Данецот. Сегашните услови за позајмица на играчот во неаполскиот тим вклучуваат откупна клаузула вредна 44 милиони евра. Хојлунд за италијанците и за неговата селекција одигра 12 натпревари во кои постигна 8 гола и направи една асистенција.
Бекот на Мемфис, Џа Морант, потенцира дека нема желба да стане симбол на најсилната кошаркарска лига на светов. „Никогаш не сакав да бидам лицето на НБА. Навистина. Јас играм кошарка од љубов кон самата игра а не за да бидам лицето на лигата. Секако, често слушам такви мислења“ – вели Морант. „Не си вршам таков притисок. Очигледно, луѓето имаат свои мислења но, мене не ме интересираат толку многу“, заклучи Морант.
Кевин Гарнет ја наведе причината за слабиот настап на Купер Флег. Во 4 натпревари оваа сезона, првиот избор на НБА драфтот во 2025 година има просек од 13,0 поени, 2,3 скока и 2,5 асистенции. „Не ми се допаѓа што Купер Флаг игра на позицијата плејмејкер. Не ми се допаѓаат сите овие мали крилни играчи на позицијата плејмејкер“ – рече Гарнет. „Мислам дека Купер би се чувствувал многу поудобно на периметарот, каде што би можел да се пробие до работ користејќи го својот атлетизам и младост“, рече поранешниот НБА играч.
