Бекот на Мемфис, Џа Морант, потенцира дека нема желба да стане симбол на најсилната кошаркарска лига на светов.
„Никогаш не сакав да бидам лицето на НБА. Навистина. Јас играм кошарка од љубов кон самата игра а не за да бидам лицето на лигата. Секако, често слушам такви мислења“ – вели Морант.
„Не си вршам таков притисок. Очигледно, луѓето имаат свои мислења но, мене не ме интересираат толку многу“, заклучи Морант.

