Претседателот на Серија А, Луиџи Де Сиерво, изјави дека на Интер му било понудено да игра во Австралија. Претходно беше објавено дека натпреварот од италијанското првенство меѓу Милан и Комо би можел да се одржи во Перт.
„Не одиме во Австралија поради парите. Понудата не ја прими само Милан, туку и Интер, кој, сепак, ја отфрли од организациски причини“ – вели Сиерво.
„Сепак, Милан со ентузијазам ја прифати понудата“ – изјави Луиџи Де Сиерво.

