Денеска на средба со новинарите беше најавен утрешниот голем ракометен настан – Легендите на сцена, во организација на Спортско Радио 90,3 фм, како дел од јубилејот и прославата на 20 години постоење.

Уникатниот спортски настан ќе обедини на едно место бројни ракометари од Европа кои се носители на светски, европски и олимписки медали како и дел од македонските ракометни икони. Неизбежен дел ќе бидат и еминентни судии, ракометни работници и луѓе што дале посебен придонес во развојот на ракометот.

Дел од нив, Лино Червар, Данил Шишкарев, Стојанче Стоилов и Филип Миркуловски, заедно со директорот на Спортско радио 90,3 фм, Тони Митев, денеска на пресот потенцираа дека утрешниот настан ќе донесе забава, дружење и многу моменти за паметење за сите пруситни во СЦ Јане Сандански. Истиот ќе започне од 19.00 часот а влезници може да се обезбедат на https://ticketx.com.mk/events/legendite-na-scena-01 и на билетарата во салата.

