Англискиот гигант Манчестер Јунајтед има намера да го продаде напаѓачот, Расмус Хојлунд, на Наполи во зимскиот преоден рок, објавува „Мирор“.
Клубот од „Олд Трафорд“ се обидува да добие околу 43 милиони евра за Данецот. Сегашните услови за позајмица на играчот во неаполскиот тим вклучуваат откупна клаузула вредна 44 милиони евра.
Хојлунд за италијанците и за неговата селекција одигра 12 натпревари во кои постигна 8 гола и направи една асистенција.

