Менаџерот на фудбалерите на Вулверхемптон, Витор Переира, беше вмешан во жестока расправија со навивачите на тимот по поразот од Барнли.
„Ја разбираме фрустрацијата на луѓето, на нашите навивачи но, морам да кажам дека само обединети можеме да победуваме“- изјави Переира.
„Пред два месеца го пееја моето име затоа што останавме да се натпреваруваме во Премиер лигата. Сега скандираат за да ме отпуштат“ – додаде менаџерот на англискиот состав.

