Центарот на кошаркарскиот состав Сан Антонио, Виктор Вембањама, постигна уникатен подвиг на стартот на сезоната во најсилната лига на светов.
Тој во првите три натпревари од сезоната го има следниов ефект: 40 поени и 3 блокади против Далас, 29 поени и 9 блокади против Њу Орлеанс и 31 коша и 6 блокади против Бруклин.
Членот на „Спарси“ на тој начин стана првиот играч во историјата кој постигнал 100+ поени и направил 15+ блокади во првите 3 натпревари од сезоната.

