Тренерот на Валенсија, Корберан, имаше пофални зборови за нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, кој на вчершаниот меч со нисколигашот, Маракена, успеа да ја зачува мрежата недопрена.
„Впечатокот од Димитриевски е многу позитивен, тој го водеше натпреварот многу добро и на крајот имаше клучна одбрана со која ја сочува својата мрежа“ – вели Корберан.
„Тој мотивира, му помага на тимот ддавајќи пораки кои внесуваат самодоверба и храброст. Тоа го направи и на теренот“ – изјави Корберан.

