Легендарната скијачка, Линдзи Вон, има за цел да се врати на Олимписките игри. Таа има злато во спуст и бронза во супер-велеслалом од Ванкувер во 2010 година, како и бронза во спуст на Игрите во Пјонгчанг во 2018 година.
„Немаше да се вратам ако Олимписките игри не беа во Кортина. Ако беа некаде на друго место, веројатно би рекла дека не вреди. Но, има нешто посебно во Кортина што секогаш ме привлекува и ме враќа назад уште еден последен пат“, рече Вон.
Таа нагласи дека на 41-годишна возраст нема што да докажува во обидот да се врати на Олимписките игри,

