Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, вели дека „волчицата“ има шампионски амбиции откако успеа да го совлада Удинезе и да се пробие на чело на табелата заедно со Интер.
„Одлично е што навивачите сонуваат за Скудетото. За процентите и веројатностите ќе зборуваме подоцна. Пристапивме со голема решителност и одржувавме многу високо темпо. Јас сум многу задоволен од натпреварот“ – рече Гасперини.
По 11 кола во Серија „А“, екипите на Рома и Интер го делат првото место со 24 бодови пред Милан и Наполи кои имаат по 22 бода.

