Кошаркарите на Црвена Ѕвезда вчера го победија Панатинаикос во првиот натпревар од деветтото коло на Евролигата а стратегот на „црвено-белите“, Саша Обрадовиќ, не крие дека е задоволен.
„Изгубивме малку фокус и енергија во последниот дел од натпреварот поради големото водство. Тогаш беше потешко да се мотивираме“ рече Обрадовиќ.
„Среќен сум пет минути а потоа тоа исчезнува“ – потенцираше тренерот на српскиот состав веднаш по мечот.

