Главниот тренер на кошаркарите на Милвоки, Док Риверс, имаше само пофални зборови за работата на двократниот шампион во НБА, Раџон Рондо, кој му се приклучи во тренерскиот штаб почетокот на сезоната.
„Одличен е. Гледа многу снимки. Буквално ги држи момците и вели: „Не, не, не, прво ќе ја гледаме снимката“. Играчите постојано го слушаат мојот глас. Одлично е за нив да слушнат некој друг“, рече Риверс.
Екипата на Милвоки се наоѓа на 6-то место на Истокот со ефект од шест победи и четири порази.

