Легендарниот фудбалски напаѓач на Англија, Вејн Руни, вели дека Манчестер Јунајтед има катастрофална трансферна политика гледајќи во минатото.
„Тие само потпишуваа големи имиња – погледнете ги Лукаку, Златан, Погба, тие се добри играчи, но клубот само доведуваше ѕвезди и трошеше огромни суми пари“ – рече Руни.
Ќе потсетиме дека „црвените ѓаволи“ во текот на летото се ослободија и од скапото засилување, Расмус Хојлун, кој не ги оправда очекувањата.

