Кошаркарот на Панатинаикос, Костас Слукас, го собори рекордот на неговиот сонародник, Василис Спанулис, за најмногу тројки постигнати во Евролигата.
Тој на мечот против Париз забележа три прецизни шута зад линијата со што дојде до 521-на тројка во најсилното европско клупско натпреварување.
Тоа му овозможи да стане најдобриот грчки кошаркар во тој статистички елемент. Спанулис има реализирано 518 тројки.

