Фудбалерите, Џошуа Кимих и Нико Шлотербек, кои се опоравуваат од полесни повреди, може да се вратат на теренот на квалификацискиот меч со Словачка закажан в понеделник.
Тој дуел е исклучително значаен за „панцирите“ во битката за првото место во групата и пласман на Мундијалот догодина во САД , Канада и Мексико.
„Би било одлично за нас ако двајцата можат да се вратат на теренот“ рече селекторот на Германците, Јулијан Нагелсман.

